САЛАТА СО БОРАНИЈА

САЛАТА СО БОРАНИЈА

Состојки
–  500 гр боранија зелена
–  6 млади компирчиња
–  1 кромид
–  3 домати
–  2 жолчки сварени
–  масло, оцет, сол, бибер, ситно сецкан магдонос

Подготовка
Боранијата исецкајте ја на половина, ако е долга, компирите исецкајте ги на кругчиња, и потоа ставете ги да се сварат малку. Измијте ги доматите и кромидот и исецкајте ги. Измешајте ги во сад за салата сите состојки, додадете масло и оцет, и зачинете. Одозгора ставете ги исецканите жолчки и магданосот.