Потребни состојки:
– една мала китка карфиол
– 300 г грашок (сварен)
– 200 г мали домати (исечкани на половина)
– млади кромитчиња
– 1 лимон (изрендана кора)
– маслиново масло
– 2 лажици лимонов сок
– 1 лажица сенф
– зачини мента, босилек, сол и бибер
Подготовка:
Во сад со солена вода, ставен на оган, додадете го карфиолот и варете го кратко време. Во сад за салата, ставете ги прво зачините, лимоновиот сок, сенфот, маслото и измешајте. Потоа, додадете ги и другите состојки и измешајте.