Потребни состојки:
– 2 кромитчиња
– 200 г спанаќ
– 2 лажици јаболков оцет
– 2 лажици мед
– бибер, сол и маслиново масло
– 6 лажици мешани семки (сончоглед, тиква, сусам, лен)
– 150 г сино сирење
Подготовка:
Младите кромитчиња исечкајте ги, а спанаќот измијте го.
Во сад за салата, најпрвин направете го „дресингот“ со маслото, оцетот, зачините и медот.
Ставете ги кромитчињата и спанаќот. На крај, одозгора додадете ги семките и синото сирење исечкано на коцки.