Потребни состојки:
- морков;
- цвекло;
- ротквички;
- 2 лажици ладно цедено сончогледово масло;
- еден лимон;
- 1 лажица сечкан магдонос;
- 3-4 чешниња лук;
- сол, бибер.
Подготовка:
Морковот цвеклото и ротквицата се рендаат и се ставаат во тањир одвоено. Припремете прелив од сок од лимон, сончогледово масло, изгмечен лук и зачинете со бибер и сол. Преливот се сервира одвоено, така што секој може да ја зачини салатата по свој вкус.