Сендвич со мисиркино месо и авокадо

Сендвич со мисиркино месо и авокадо

Потребни состојки:
·       90 г мисиркин стек
·       2 тркалца домат
·       3 тркалца црвен кромид
·       40 г авокадо
·       2 парчиња ‘ржан леб
·       1 супена лажица сенф (Дижон)

Подготовка:
Стоплете ги лепчињата на тостер и премачкајте ги со сенф. Наредете го мисиркиното месо на едното лепче, откако претходно ќе го посолите и ќе го испечете на скара. Кога сте во брзање, место свежо мисиркино месо можете да ставите мисиркина шунка. Врз месото наредете го авокадото, па доматот и на крај тркалцата кромид. Уживајте во овој брз, но здрав оброк.