Мр. Фарм Владимир Кероски – Празнично прејадување

Современиот и брз начин на живот, небалансираната исхрана, како и нередовниот начин на исхрана, честопати доведува до претерување со храна односно, прејадување.

Празниците кај нас се период кога се јаде и пие во поголема количина од вообичаено. Поголем дел од нас за време на новогодишните и божиќните празници си дозволуваат поголем број на оброци, што значи обилни и калорични ручеци или вечери со што се полниме со вишок штетни калории, јадeме брзо зготвена храна збогатена со масти, алкохол во поголеми количини, кофеин и премногу чад од цигари, а покрај тоа ја запоставуваме физичката активност.

Внесувањето на огромна количина на храна одеднаш, може да предизвика сериозни компликации во организмот, затоа треба да се јаде почесто во текот на денот но во помали количини.
Нутриционистите препорачуваат да се јаде 5-6 пати во текот на денот.

Во продолжение на текстот, прочитајте неколку совети за здрава исхрана.

Зеленчук (за детокс од алкохол) – Зеленчукот содржи големи количества витамин Ц (антиоксиданс) кој учествува во разградувањето на алкохолот и негово побрзо исфрлање од организмот.

Се препорачува да се јадат лесно сварливи и брзо искористливи белковини, јагехидрати и витамини. Да се ограничат мастите особено од животинско потекло. Да се јаде повеќе риба, кашести чорби од мешан зеленчук, поголема количина свежо овошје како и свежо цедени сокови од:

  • Лимон – Најголем извор на Витамин Ц, одговорен за имуниот систем
  • Портокал – Покрај Витамин Ц, содржи калиум, калциум и витамин Б1, и има моќно антиинфламаторно дејство.
  • Банана – богат извор на Калиум во организмот и витамин Б6, даваат енергија и го подобруваат варењето во организмот.
  • Јаткасти плодови – Бадеми, ореви, ф’стаци, кикирики, во ограничени дневни количини 30-50 грама.

Физичката активност е најдобар начин да се вратиме во форма постпразнично и најдобар начин да направиме детоксикација на нашиот организам.
Со неколку минути дневно пешачење, вежбање или возење велосипед ќе ја подобриме нашата физичка и ментална благосостојба, а со тоа и ќе го намалиме ризикот од кардиоваскуларни болести, висок крвен притисок, дијабетес, депресија, како и подобрување на метаболизмот и обработка на храната.

Умереноста во јадењето и пиењето се смета за важна навика за здрав живот и долговечност.

Аптека Фарма Медика – Кавадарци

Аптека Фарма Медика се наоѓа во центарот на Кавадарци. Посветеното работење на искусните фармацевти директно придонесува за целосна и редовна снабденост со комерцијални лекови и лекови од позитивната листа. Покрај големата палета на продукти, во аптека Фарма Медика изработуваме магистрални лекови и галенски препарати и можете да добиете и професионални совети за подобрување на вашето здравје.