Калеидоскопско обоено истражување на птиците и пчелите, документарецот на Дизни за деца нуди еден поинаков поглед на светот – онаков каков што го гледаат инсектите. Во фокусот се пеперутките, пчелите, лилјаците, птиците и останатите летачки суштества, потенцирајќи ја нивната важност за опстанок на светот преку опрашувањето со полен. Филмот изобилува со одлични лекции, а особено се препорачува за деца кои се плашат или не ги сакаат бубачките. Плус, го раскажува Meryl Streep.
Возраст: 6+