Што во слободно време? Документарна ТВ Серија Beckham

Што во слободно време? Документарна ТВ Серија Beckham

Документарец посветен на животот и на кариерата на еден од најголемите фудбалски великани, Дејвид Бекам. Филмот открива детали и пикантерии од приватниот живот на фудбалерот, досега непознати за јавноста. Неговата сопруга, модната дизајнерка Викторија Бекам, конечно прозборе за тешкиот период откако Дејвид ја изневери во 2003 со неговата тогашна асистентка Ребека Лус. Серијата составена од 4 епизоди изобилува со фасцинантни видеа и многу гости кои зборуваат за скромното момче од Англија кое стана светски фудбалски феномен и подвижна реклама. Инспиративна сторија за подемите и падовите во една кариера, брак и семејство