Што во слободно време? Погледнете филм Babylon

Што во слободно време? Погледнете филм Babylon

Филм за сите сетила, филм во кој се спојуваат различните приказни за актерите кои се обидуваат да творат во раниот Холивуд. Подеми и падови водени од голема амбиција, но и изопаченост во една филмска ера за која многу малку се зборува.

овој оригинален еп се одвива во златните 1920-ти години во Лос Анџелес, периодот кога филмската индустрија преминувала од немата ера кон ерата на снимениот звук. Сценаристот и режисер Демиен Шазел, ветува вистински аудиовизуелен спектакл и фантастична актерска екипа составена од Бред Пит, Маргот Роби и Диего Калва.