Што во слободно време? Погледнете филм, Ferrari

Што во слободно време? Погледнете филм, Ferrari

Уште еден биографски филм посветен на Енцо Ферари, легендарен возач и претприемач. Лето, 1957-ма година, автомобилската империја на Енцо Ферари (го толкува Адам Драјвер), која ја изградил 10 години претходно со својата сопруга Лаура, е пред банкрот. Истовремено, Енцо Ферари се соочува и со приватни проблеми и се бори со неговиот ривал Масерати за доминација на тркачките патеки.

Режисерот Мајкл Ман маестрално ги прикажува возбудливите сцени од натпреварувањето на легендарната трка „Илјада милји низ Италија“, која често била фатална за возачите и за гледачите. Токму оваа трка е последната шанса за Енцо Ферари одново да застане на нозе. Дали ќе успее?