Што во слободно време? Погледнете филм Killers of the flower moon

Што во слободно време? Погледнете филм Killers of the flower moon

Филм на Мартин Скорсезе со Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро во главните улоги. Вистинска приказна што ја обработува темата за мистериозното убиство на членовите на Осиџ племето во Америка во 20-тите години од минатиот век. Луѓето, еден по еден, мистериозно умираат бидејќи под земјата во којашто живеат извира нафта. ФБИ ќе започне голема истрага во која е вклучен и Џон Едгар Хувер, претседател на бирото и најмоќниот човек во САД. Актерите последен пат играа заедно во далечната 1993-та во филмот This Boy’s Life, а во меѓувреме се појавија во краткиот филм на Скорсезе The Audition, за конечно да ги видиме во ремек-делото што ја обележи 2023-та. Филмските критичари велат дека ова е најдобриот перформанс на Леонардо во досегашната кариера.