Што во слободно време? Погледнете филм, Love again

Што во слободно време? Погледнете филм, Love again

Една сосема случајна СМС порака ќе и ја врати смислата за живот на младата девојка Мира Реј. По смртта на нејзиниот вереник, Мира постојано ќе праќа романтични пораки на неговиот мобилен телефон несфаќајќи дека бројот е пренаменет на друг сопственик, шармантиот Роб Барнс.

Новинарот Роб го плени искреноста на прекрасните исповеднички текстови што Мира му ги праќа без да знае. Кога ќе му биде доделено да пишува за мегапопуларната Селен Дион (која се игра себеси во нејзината прва филмска улога), тој бара нејзина помош како да ја пронајде Мира. Ќе успее во тоа, но дали ќе успее да го освои нејзиното разочарано срце?