Што во слободно време? Погледнете филм „Made in Italy“

Што во слободно време? Погледнете филм „Made in Italy“

Ова е приказна за оладениот однос меѓу еден уметник (го толкува Лијам Нисон) и неговиот син (го толкува Мајкл Ричардсон) кои по подолго време одново се среќаваат во нивниот семеен дом во Тоскана, Италија. Сакајќи да ја продадат напуштената и руинирана куќа, тие двајца ќе се навртат на трагичната смрт на нивната сопруга и мајка, но ќе проговорат и за премолчените емоции и насобраната лутина и гнев. Оваа семејна драма освен емоции, ќе ве одведе на едно прекрасно патување во еден од најубавите предели во Италија.