Што во слободно време? Погледнете филм, No hard feelings

Што во слободно време? Погледнете филм, No hard feelings

Шармантната Џенифер Лоренс овој пат ќе се обиде да ве освои преку улогата на Меди, млада жена која се соочува со ризик да остане без покрив над глава. Во очај да заработи, ќе прифати несекојдневна работа: да направи маж од интровертниот 19-годишен Перси пред тој да замине на колеџ.

Меди ќе добие одлична понуда за плата и рок од само едно лето за предизвикот за кој ќе биде сигурна дека ќе го оствари без никаков труд. Преку комични ситуации, Меди и Перси ќе ги поминат сите фази на адолесценцијата.