Што во слободно време? Погледнете филм Turning red

Што во слободно време? Погледнете филм Turning red

Меи Ли има 13 години, а веќе се соочува со физички и емотивни промени кои ги носи адолесценцијата. Таа сака да се забавува, да поминува време со нејзините другарки, но истовремено се бори да остане достојна и послушна ќерка. Несреќна околност е тоа што мајка и постојано и постојано и е зад петици, па Меи Ли честопати ќе се чувствува задушено и неразбрано. А кога силните емоции ќе и удрат во глава, таа ќе се претвора во џиновска црвена панда. Одлична сторија за транзицијата на децата во тинејџери и промените кои особено тешко им паѓаат на родителите.