Ако сте љубители на книгите на Џејн Остин, сигурно сте љубители и на истоимените филмски адаптации. Овој пат, режисерот Autumn de Wilde и сценаристот Eleanor Catton, инспирација побараа во новелата на писателката од 1815 година, која го носи истото име – Emma. Ова е сторија за Ема – богата, префинета, млада дама која милува да се меша во љубовниот живот на нејзините пријатели. Иако нејзините намери се искрени, несомнено таа е себична. Но, себична за што? За љубов или нешто друго?