Што во слободно време? Предлог филм The Whale

Што во слободно време? Предлог филм The Whale

Актерот Брендан Фрејзер го толкува Чарли, наставник по англиски јазик кој се обидува да се поврзе со својата оттуѓена ќерка тинејџерка. Но, тоа не е неговиот најголем проблем, тој постојано е затворен дома, во своето тело со прекумерна телесна тежина. Свесен дека неговото време истекнува, Чарли со полно срце и жестока духовитост ќе се обиде да се соочи со долго закопаните трауми на неискажаната љубов што го прогонуваат со децении.

Брендан Фрејзер претрпе сериозна трансформација на физичкиот изглед за оваа улога, но истовремено прикажа извонреден перформанс што никого не остава рамнодушен. Најголем доказ за тоа е Оскарот што го освои за главна машка улога.