Што во слободно време? Предлог филм „Wish Dragon“

Што во слободно време? Предлог филм „Wish Dragon“

Анимиран филм чие дејство го следи животот на Дин, тинејџер кој работи како доставувач и кој секојдневно копнее одново да ја сретне својата другарка од детството. Поради нивниот различен социјален статус, Дин и неговата другарка ќе се разделат уште како мали, но никогаш нема да се заборават еден со друг. Сосем неочекувано, Дин ќе се сретне со еден симпатичен розов змеј кој ќе треба да му ја исполни желбата одново да ја најде својата другарка, а потрагата ќе им донесе многу авантури. Оваа современа верзија на Аладин несомнено ќе ве насмее и расположи.