Што во слободно време? – The Call of the Wild

Што во слободно време? – The Call of the Wild

Последната филмска адаптација на новелата на Џек Лондон, несомнено е уживање за целото семејство, особено што овој пат главната улога му припадна на Харисон Форд. Приказната за Бак, кучето со големо срце, несомнено ќе го освои вниманието на децата. Принуден да го напушти својот дом во Калифорнија, Бак сосем неочекувано ќе ја открие дивата страна на природата во Алјаска. Како најнов дебитант во тимот на кучињата кои разнесуваат пошта со помош на санки, Бак ќе ја доживее својата најголема животна авантура и конечно ќе го најде своето вистинско место во светот.