Уште една филмска адаптација на новела која несомнено ќе ве расположи, насмее и анимира со живописните сцени и одличната костимографија. Приказната го следи животот на едно младо момче сираче, кое ќе замине да живее со својата сакана баба во Алабама. Сосем неочекувано, тие двајца ќе се сретнат со главната вештерка (ја толкува Ен Хатавеј) која огранизира собир за нејзините пријатели со цел да го спроведе својот злобен план. Но, дали ќе успее?