Што во слободно време? – ТВ СЕРИЈА Defending Jacob

Што во слободно време?  – ТВ СЕРИЈА Defending Jacob

Одлична драма-трилер што ќе го зароби вашето внимание. Серијата е работена според најпродаваниот роман на „Њујорк Тајмс“ во 2012-та на авторот Вилијам Лендеј. Ова е приказна за еден почитуван јавен обвинител(Chris Evans), неговата прекрасна сопруга(Michelle Dockery)и нивниот синJacob (Jaeden Martell).Животот на ова среќно семејство ќе тргне по надолна линија откако во малиот град ќе се случи грозоморно убиство. Жртвата? Еден од соучениците на Jacob. Осомничен? Токму тој – Jacob. Интересно е тоа што серијата не дава јасен приказ дали Jacobго извршил убиството или не.