Што во слободно време? – ТВ СЕРИЈА The Undoing

Што во слободно време? – ТВ СЕРИЈА The Undoing

Главните улоги го толкуваат Никол Кидман и Хју Грант, а тоа несомнено ја прави привлечна оваа мини серија од 6 епизоди. Никол Кидман ја толкува улогата на Грејс, богата терапевтка од Њујорк чиј живот ќе се преврти наопаку откако таа и нејзиното семејство ќе бидат инволвирани во смртоносен случај. Во суштина, серијата е одлична модерна верзија на класична детективска сторија која никој не остава рамнодушен.