Сиров чоколаден тарт

Сиров чоколаден тарт

Потребни состојки:

  • 250 г бадеми (може сирови или претходно малку печени)
  • 1/3 шолја лешници (може сирови или претходно малку печени)
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 250 г свежи урми
  • прстофат сол
  • 3-4 лажици вода, колку што е потребно за да се направи леплива смеса
  • лешници

Состојка за фил:

  • 1 зрело авокадо
  • 1 зрела банана
  • 3-4 лажици какао
  • 3 лажици сируп од агаве или мед
  • 2 лажици кокосово масло

Подготовка:

Бадемите и лешниците мелете ги во блендер, но не преситно, добро е да има малку покрупни парчиња. Додадете ги останатите состојки и направете леплива смеса што ќе ја натапкате во калап за тарт (со пречник од 24 цм). Ако урмите не се доволно свежи, ставете ги да омекнат 15 минути во топла вода. Вака подготвената основа ставете ја во ладилник околу 30 минути. Состојките за фил ставете ги во блендер и блендирајте за да добиете фина крема. Сипете го филот врз основата и вратете го тартот во ладилник уште 30-40 минути. Озгора декорирајте со листови од бадеми или шумско овошје.

Путерот за фил, ставете го во огноотпорен сад, додајте ја слатката павлака, чоколадата и ставете ги состојките да се стопат на ниска температура. Не е потребно да зовријат, само да се соединат. Прелијте го тартот со филот, па оставете го да се олади 4-5 часа во ладилник или уште подобро преку ноќ.