СИТЕ БЛАГОДАТИ НА МОРЕТО

СИТЕ БЛАГОДАТИ НА МОРЕТО

Медитеранската клима, ветерот, сонцето и ароматичните билки му ги полнат „батериите“на човекот и го ослободуваат од секојдневниот стрес.

Бесплатен природен терапевт
Старите Грци први го забележале лековитото дејство на морето. Хипократ прв открил дека морската вода го забрзува заздравувањето на раните, ги спречува инфекциите и ја намалува болката. „Виновникот“ за моќта на морската вода е нејзиниот комплексен состав кој, меѓу другото, изобилува со присуство на животоважни елементи како: натриум, калиум, калциум, јод, силициум, па дури и сребро и злато. Морската вода длабоко влегува во кожата со што се овозможува делување на минералите и елементите во трагови (магнезиум, кобалт, манган). Морето исто така содржи алги кои изобилуваат со минерални состојки и одамна се сметаат за извор на убавина и здравје.
Општо познати се и ефектите во ублажување или отстранување на симптоми на астма, одредени видови алергии, воспаленија на синуси, артритис, болки во грбот и мускулите и генерално позитивно влијание врз општото телесно и ментално здравје.

Со пливањето во морската вода се отвораат порите на кожата  што овозможува апсорпција на минералите во нашето тело. Истовремено, преку отворените пори се излачуваат отровите од организмот. Воедно, морската вода помага во лекување на кожни заболувања како што се егзем, атопичен дерматитис и одредени габични заболувања. 

Запрете го стареењето
Покрај директните благодати на морската вода, пливањето во морските води како физичка активност ни носи дополнителни здравствени бенефиции.
Доколку треба да се бира кој е најдобар спорт за целокупната состојба на човечкиот организам, сигурно, прво место би земало пливањето. Со пливањето се активираат сите мускули во телото, се јакне кардиоваскуларниот систем, се продлабочува дишењето, се зголемува капацитетот на белите дробови, а исто така делува позитивно и на нашата психа.
Ова се само некои од благодатите на пливањето што се смета за еден од најтемелните облици на вежбање и тоа за целото тело: рацете, рамената, грбот, градниот кош, нозете и задницата. На овој начин, телото станува поиздржливо, со што и неговото стареење забавува

Воздушна „витаминска терапија“
Во комплексот од природни „морски терапевти“, морскиот воздух несебично ја надополнува морската вода. Чистиот морски воздух изобилува со огромна концентрација на негативни јони и ароматични состојки како производ на одредени морски алги. Овие елементи, а пред сѐ негативните јони со кои е богат морскиот воздух, поволно влијаат во јакнење на имунолошкиот систем, ја зголемуваат виталноста и менталната енергија, а позитивно влијаат и во ослободување од акумулираниот стрес.
Морето е лековито доколку и само седите или шетате по крајбрежјето.
Дишењето на чистиот морски воздух ќе ви помогне многу подобро да заспиете навечер.

Поттикнете ја креативноста и наполнете ги батериите
Морето, и генерално водата како елемент, отсекогаш се поврзани со нашата креативност и чувствата.
Престојот покрај море може да ги допре нашите емоции и интуиција и да ја разбуди нашата фантазија и креативноста.

Докажано е…
Со научни студии е утврдено дека луѓето кои живеат до еден километар од морското крајбрежје, имаат помалку здравствени проблеми т.е. живеат поздраво од континенталните жители.

Лековити облоги
Облогите од комбинација на морска кал и алги содржат голема количина минерали и позитивно делуваат за ревматизам и остеоартритис и ја подобруваат циркулацијата.