Потребни состојки:
· 100 мл кокосово млеко
· 50 мл вода
· 1 кафена лажица путер од кикирики
· 100 г мешано шумско овошје
· 1 банана
· ½ авокадо
Подготовка:
Сипете ги млекото и водата во блендер, потоа додадете ги путерот од кикирики, шумското овошје, бананата и авокадото. Можете да направите и поинаква комбинација, па наместо путер од кикирики да ставите путер од лешник или бадем. И шумското овошје може да биде заменето со некое сезонско. Овој брз оброк ќе ве снабди со инстант енергија, затоа е одличен за старт на денот.