Потребни состојки:
· 2 смрзнати банани
· 10 јагоди
· ½ чаша вода
· 2 кафени лажици рогач
· 1 кафена лажица мед
· 3 капки рум
· ананас за декорација
Подготовка:
Ставете ги состојките во блендер, а потоа сипете ги во чаша и декорирајте со парчиња ананас. Доколку не ви се допаѓа комбинацијата рум и рогач, обидете се со какао и ванила. Количината на мед зависи од вашата желба за благо. Бананите задолжително замрзнете ги за да имаат вкус на сладолед- излупете ги, замотајте ги во алуминиумска фолија, па ставете ги во ладилник да се замрзнат околу 3 часа.