СО ВЕЖБАЊЕ до подобар ИМУНИТЕТ

СО ВЕЖБАЊЕ до подобар ИМУНИТЕТ

Повторно се борите со кашлицата или настинката?! Постојано чувствувате замор?! За почеток, практикувајте дневна прошетка или едноставни практични вежби најмалку два-три пати во неделата и верувајте дека ќе почете да се чувствувате подобро.

Не само што му помага на вашиот имунолошки систем во борбата со вирусните инфекции и бактериите, вежбањето ја намалува и можноста за развој на срцеви заболувања, остеопороза или карцином. Затоа, физичката активност мора да биде составен дел од животот.

Сè уште не се знае како точно вежбањето го зајакнуваа вашиот имунитет во борбата со болестите, но познато е дека: физичката активност може да помогне во исфрлањето на бактериите надвор од белите дробови, со што се намалува можноста да се развијат нас- тинка, грип или други заразни болести кои се пренесуваат со воздухот. Вежбањето, исто така, помага во исфрлањето на токсините од организмот преку урината и потта. Зголемената температура на телото за време на веж- бањето може да го намали растот на бактериите, со што му овозможува на организмот поефикасно да се бори со инфекциите. Сличен ефект се постиг- нува кога имаме треска. Стресот ја зголемува мож- носта за разболување, додека пак вежбањето го намалува ослободувањето на хормоните на стресот и со тоа ја намалува можноста да дојде до заболување.
Сепак, иако вежбањето му прави големо добро на организмот, внимавајте да не го практикувате преку- мерно. Луѓето кои вежбаат треба да знаат дека не е потребно да прават на- порни програми за веж- бање со надеж дека на тој начин уште повеќе ќе го зајакнат имунолошкиот систем. Тешките и долги тренинзи, како што се маратонското трчање или интензивните тренинзи во вежбалната, всушност можат да имаат спротивен ефект. Поточно, можат да предизвикаат намелен имунитетен одговор на организмот.

Истражувањата покажу- ваат дека најголема до- бивка од програмите за вежбање имаат оние кои преминуваат од „статичен” во умерен енергичен животен стил.

ЕДНА УМЕРЕНА ПРОГРАМА ЗА ВЕЖБАЊЕ МОЖЕ ДА БИДЕ:

  • дневна прошетка од 20 до 30 минути;
  • возење велосипед 2-4 пати неделно;
  • вежбање во вежбална секој втор ден;
  • рекреативно тренирање некој спорт до два пати неделно.

Вежбањето прави да се чувствуваме поенергично и поздраво. Затоа направете го првиот чекор, почнете да практикувате некој од советите што ви ги дадовме и верувајте, ќе се чувствувате подобро.