Солен тарт со брокула и сино сирење

Солен тарт со брокула и сино сирење

Потребни состојки:

1 пакување лиснато тесто
250 г свежа брокула
4 јајца
2 лажици павлака за готвење
3 лажици кисело млеко
1 лажица сечкан босилек
125 г сино сирење
сол и црн бибер

Подготовка:
Брокулата сварете ја на пареа. Тестото ставете го во калап за печење тарт и избоцкајте го со виљушка. Кога брокулата ќе биде омекната, уклучете ја рерната на 200 степени.
Во сад иматете ги јајцата, павлаката, синото сирење, киселото млеко, солта, биберот и босилекот. Врз тестото ставете ја брокулата и смесата ставете ја одозгора. Нека се пече 30 минути. Послужете со зелена салата.