Шпагети со мелено месо

Шпагети со мелено месо

Потребни состојки:

  • 200 г мелено месо;
  • 2 главици кромид;
  • 2 чешниња лук;
  • ловоров лист;
  • 5 дл сос од домати;
  • масло, зачини

Подготовка:
Kромидот и лукот се пропржуваат на масло, а потоа се додава и меленото месо. По кратко се додаваат зачините и сосот од домати и се остава да се крчка околу половина час. Доколку сосот од домати е киселникав, може да се додаде малку шеќер. Во меѓувреме во друго тенџере се варат шпагетите. Откако ќе бидат готови, се прелеваат со приготвениот сос. Се сервира со пармезан.