Стек во прелив од бадем

Стек во прелив од бадем

Потребни состојки:
·      2 парчиња пилешки гради
·      50 гр бадеми
·      200 мл неутрална павлака
·      лук во прав
·      мускатно оревче во прав
·      сол
·      црн пипер
·      маслиново масло

Подготовка:
Зачинете ги пилешките гради со сол и бибер од двете страни, сосем малку пропрскајте ги со маслиново масло и печете ги во рерна. Измелете ги бадемите или здробете ги со тегла. Пржете ги на тефлонско тавче премачкано со маслиново масло. Штом бадемот ќе зарумени, посолете и зачинете со лук и мускатно оревче во прав. Сипете ја павлаката и оставете смесата да се згусне. Исечкајте го  стекот на покрупни парчиња, а озгора прелијте го со сосот. Рецептот е подеднакво вкусен и со печени и солени бадеми.