СТЕВИА

СТЕВИА

Растението Stevia rebaudiana – стевиа, припаѓа на фам. Asteraceae. Уште пред стотици години, ова растение се користело за засладување на храната. Денеска расте на територијата на Парагвај и Бразил и се нарекува уште и сладок лист. Иако стевиата е 200 пати послатка од шеќерот во иста концентрација, таа нема калории и не влијае на нивото на шеќерот во крвта. Неговата популарност ја достигнува последниве децении кога станува здрава природна замена за засладувачи и ја наоѓа својата примена при намалување на телесната тежина, кај дијабетичари, за здрави заби поради отсуството на шеќер итн. Воедно, содржи хранливи материи како протеини, јаглехидрати, витамини (А,Б,Ц) и микроелементи (железо, цинк, калциум, магнезиум, калиум). Некои студии само ги потврдуваат дополнителните здравствени придобивки на стевијата во лекувањето на дебелината и на високиот крвен притисок.