Штрудла со џем

Штрудла со џем

Штрудла со џем

Состојки

За тесто:

  • • 500 г брашно
  • • 250 мл млеко
  • • 100 мл масло
  • • 2 јајца
  • • 1/2 коцка свеж квасец (25 г)
  • • 1/2 лажичка сол
  • • 5 лажички шеќер

За фил:

  • • џем  (по избор)

За премачкување на ролатот:

  • • 1 жолчка и неколку капки масло

Подготовка:

Во 250 мл млако млеко разматете го квасецот и додајте една лажичка шеќер, и оставете да нарасне околу 15 минути. Во брашното додадете ги нараснатиот квасец, јајцата, маслото, шеќерот и солта. Измесете меко тесто.

Тестото поделете го на два дела, покријте го со крпа и оставете 45 минути да нарасне. Потоа, истенчете го тестото што е можно повеќе и по целата површина премачкајте со џем. Намотајте го во форма на ролат и ставете го во подмачкано тавче. Ролатите од горе премачкајте ги со жолчка во која сте капнале неколку капки масло. Ставете во рерна и печете 45 минути на температура од 200 степени. Готовите штрудли попрскајте ги со сосема малку вода, прекријте ги и оставете ги малку да се изладат. Посипете со шеќер во прав, исечете ги на потенки парчиња и послужете.