Еден од здравствените проблеми кај современиот човек, поврзан со работата и начинот на живот е синдромот на суво око. Тоа се изразува со нарушување на квалитетот и количината на солзниот филм. Солзниот филм допринесува за здравјето на очната површина и квалитетот на гледањето. Во него се содржат многу заштитни фактори , обезбедувајќи заштита на очната површина од вируси и бактериски инфекции. Тој има функција да постојано го чисти окото од прав, честички, алергени од околната средина кои постојано навлегуваат во окото. За жал овој синдром може да биде предизвикан од многу фактори , што создава предуслов за честа манифестација кај луѓе на секоја возраст.
Најчести фактори кои што го предизвикуваат синдромот на суво око се фактори кои се поврзани со начинот на живот на луѓето како долготрајна работа на компјутер, гледање на телевизија, читање, возење на автомобил, носење на контакни леќи, потоа фактори кои се поврзани со средината во која живееме како сув воздух (климатизирани простории, радијатори), провев, атмосферско загадување. Исто така може да има и физиолошка етиологија како хормонални промени како менопауза, дијабет, ревматоиден артритис, процес на природно стареење и многу други. Операциите на очите се исто така често поврзани со појава на овој синдром.
Во целост општите симптоми на суво око се уморни очи, црвенило на очите, очна непријатност, чувство на песок во очите, понекогаш болка при отварање на очните наутро, нетолеранција на контактни леки, остри болки на очната површина, повремено заматен вид, кое повремено се подобрува со агресивно трепкање со очите, понекогаш и чешање. Третманот на синдромот на суво око е неопходно најмногу за да се подобри очната удобност. Хроничната очна неудобност води до нервоза кај пациентите и намалување на квалитетот на живот. Тешките состојби на сувост се одразуваат значително врз здравјето на очната површина, водат до повреда на епителот на рожницата и до влошување на видот.
Третманотот на синдромот на суво око се спроведува со помош на капки, наречени вештачки солзи. Се препорачуваат вештачки солзи со способност за подмачкување, кои даваат можност за ефикасно и брзо ослободување од симптомите. Најважно е да сватите дека суво око може да биде причина за многу непријатни субјективни чуства во очите и наместо да се трауматизирате , посетете очен доктор и започнете итен третман со вештачки солзи, кои веднаш ке ги ублажи проблемите и ќе ви овозможи очна и психичка удобност.