Тарт од тиквички и козјо сирење

Тарт од тиквички и козјо сирење

Потребни состојки:

– 150 мл солена павлака
–  150 мл млеко
–  сол и црн бибер
–  2 јајца
–  2 големи тиквички
–  козјо сирење по вкус
– 1 пакетче лиснато тесто

Подготовка:
Измијте ги убаво тиквичките и исечете ги на крукчиња. Во тава со маслиново масло,испржете ги. Во тава за печење,ставете го лиснатото тесто, одозгора ставете ги тиквичките и сирењето. Јајцата изматете ги со млекото и павлаката,и сипете ја смесата врз тиквичките. Печете во загреана рерна на 200 степени околу дваесетина минути.