Тава од компири и печурки

Тава од компири и печурки

Тава од компири и печурки

Состојки (за 4 лица):

– 8 компири

– 250 г печурки

– 2 главици кромид

– 150 г рендан кашкавал

– 150 мл солена павлака

– 150 мл млеко

зачини по желба

Подготовка:

Излупете ги компирите и сварете ги во солена вода. Исечете ги на крукчиња. Кромидот ситно исечкајте го и ставете го во тава со малку путер. Во сад на оган, ставете ги млекото и павлаката. Додадете го кашкавалот и зачините. Во керамичка тава наредете еден ред крукчињата компири, одозгора ставете ги печурките и покријте со уште еден ред компири. Сипете го кремот со кашкавал и ставете да се пече 20 минути на 200 степени.