Потребни состојки
– 4 црвени пиперки, исечени на половина
– 4 парчиња телешко месо
– 3 лажици маслиново масло
– 4 чешниња лук
– 1 китка брокула, малку обарена
– сол и црн бибер
Подготовка
Парчињата месо испечете ги на грил тава со масло. Истото направете го и со пиперките. Потоа пиперките излупете ги и исечкајте ги на коцки. Брокулата и лукчето запржете ги на тава со маслиново масло. Додадете ги пиперките и зачинете. Месото може да го исечете на помали парчиња и да го додадете на зеленчукот. Може да го послужите со ориз или некоја друга житарка.