Телешко со сладок компир

Телешко со сладок компир

Потребни состојки:
·       300 г сладок компир
·       100 г телешко месо
·       сол и црн пипер
·       ½ супена лажица кокосово масло
·       1 чешне лук
·       25 г семки од тиква
·       свежо сечкан магдонос
·       прстофат црвен пипер 

Подготовка: 
Исечкајте го слаткиот компир на коцки и ставете го да се вари. Му треба многу малку време, затоа внимавајте да не го преварите. Во меѓувреме, зачинете го месото (телешка шницла по можност) со сол и црн пипер и ставете го да се пржи на кокосово масло. Во тавчето ставете го и лукот за убав мирис. Штом месото е готово, оставете го да се одмори, а потоа исечкајте го на ленти. Лентите месо наредете ги врз коцките сладок компир, а озгора расфрлете ги семките од тиква, магдоносот и зачинете со црвен пипер.