Потребни состојки:
- 1 кг телешки котлети со коска исечени на четири парчиња
- 200 г свежи печурки
- 500 г домат (може и конзервиран сечен)
- 2 главици кромид
- 2-3 чешниња лук
- 2 лажици брашно
- 1 лажица зачин
- 100 г бело вино
- свеж мелен бибер и
- магдонос
Подготовка:
На малку масло околу 5 минути се пропржуваат кромидот и лукчето ситно исечкани. Извадете ги и ставете ги во чинија. Во погоден сад измешајте ги брашното, зачинот и биберот. Во оваа смеса извалкајте ги котлетите и пржете ги во тавата во којашто претходно ги пржевте кромидот и лукот сèдодека не зацрвенат од двете страни. Вратете го лукот и кромидот во тавата, додадете ги печурките насечкани на ленти, виното и доматите, и оставете да се прокрчка околу 45 минути сè додека не омекне месото.