Се поголемата експанзија и популарноста на разните видови на друштвени и социјални мрежи со себе отвара уште една мошне значајна тема. Безбедноста на децата на интернет. Навидум нужната потреба галопирачки прераснува во канал преку кој најчеста мета и жртва се токму децата. Затоа и прашањето за нивната безбедност и заштита од ден на ден стануваат се повеќе актуелни и се теми гој го задираат скоро секој родител.
Форми на злоупотреба
Веќе е вообичаено секојдневно да читаме за опасностите и разните ситуации на кои се изложени нашите деца користејќи го интернетот, како и за разните форми на насилство реализирано преку овој канал кое неретко завршува и со кобни последици.
Можеби најголемото зло е вовлекување на децата во порнографски, педофилски и слични форми на сексуална злоупотреба. Но покрај овие непосредни опасности, малолетните деца се изложени на контунуирано бомбардирање и со непристојни содржини и штетни тематики поврзани со религија, самоубиства, наркотици, говор на омраза и сл. Сајтови со тн. корисни совети и некредибилни текстови може да бидат многу опасни бидејќи навидум не изгледаат опасни, но имаат силно влијание врз младите со последици кои се во рангот на физички и ментални нарушувања, повреди па дури и смрт.
Притаено зло
За да биде проблемот далеку посложен жртвата најчесто наседнува на пријателски страни, содржини и понуди. Неретко напаѓачите се сосема легално регистрирани организации, клубови , советувалишта , невладини или хуманитарни асоцијации. Истите за цел имаат да таргетираат соодветни групи на млади луѓе на кој им е потребна токму нивната помош. Но за жал под велото на хуанизмот се крие притаено зло чии крајни цели се користење на децата за нивни лични потреби. Паралелно на овие постојат и страни и групи со јасна криминална структура кој делуваат сосема илегално но со добро поставена мрежа и структура. На крајот тука се вбројуваат и поединци најчесто психијатриски случаи кои имаат директен пристап до жртвата. Целите на овие поединци најчесто е реализација на контакти заради сексуална злоупотреба. Заедничката карактеристика на овие “ловци”е начинот на пристап кој е полн со емоции, сочувство и разбирање на потенцијалната жртва.
Најчести облици на злоуптреба на децата е:
Блудничење – Статистички ова е најчеста форма на злоуотреба. Секое четврто девојче и секое шесто момче имаат доживеано некаква форма на сексуална злоупотреба. Овие напади најчесто се случуваат преку социјалните мрежи, разноразни форуми и “чат”соби преку системот на лажно претставување.
Кражба – во директна или индиректна форма е уште една врста на злоупотреба. Преку разни облици на нудење помош и скенирање на профилот на малолетникот се прават обиди за извлекување на важни информации, наплата на дадените услуги или пак директна кражба на податоци од сметки и банкарски картички.
Сугестија– наведување на жртвата кон практицирање на одредени ритуали, техники, диети, телесни вежби и сл. Оваа форма на напад може да биде и многу опасна бидејки може да резултира со последици по телесното и ментално здравје, болести па и смртни исходи.
Насилство – ваквиот тип на злоупотреба опфаќа вовлекување на малолетникот во дискусии и групи кои подтикнуваат говор на омраза, напади на приватност, ширење на насилни пораки, навредливи коментари и слични форми на злобно и недолично однесување. Тука се вклучени и форми на исмејување поврзано со статусот, физичкиот изглед и карактерот на жртвата која е цел на ваков напад.
Бело робје– можеби најтешката форма на злоупотреба која може да е резултат на претходна обработка или напад на жртвата со други форми како претходница, со цел истата да биде доведена пред свршен чин и крајно изманипулирана. За жал овој вид на злоупотреба е добро организиран, зема се поголем замав и е контролиран од моќни криминогени структури.
Дали е можна заштита
Заштиитата на децата подразбира психичка, физичка и морална безбедност на детето во текот на активностите кои ги изведува на интернет. Овде покрај пребарувањето, разговорите, социјаните мрежи, се вклучени и активностите кои детето ги прави во едукативни цели (барање на информации, зададени задачи од учииште и сл). Целта е да се заштитат децата од непримерните содржини , негативте ефекти од користењето на интернетот како и подигање на свеста за последиците од оваа виртуална свера. Многу е важно да се осознае кој е прагот на впуштање во дигиталниот свет за да истиот биде безбеден и без последици.
Колку родителите го познаваат интернетот
Сепак се чини дека главниот проблем не е во технологијата или начините кои ќе овозможат безбеден пристап , туку нивото на познавање на интернетот од страна на родителите, и грижата за тоа колку и како децата го поминуваат времето во текот на денот. За жал голем дел од децата се оставени сами на себе и лично се заслужни за своето вопитување бидејќи родителите “страдаат”од недостаток на време
Не е интернетот тој кој ги оттуѓува или злоупотребува дeцата, туку презафатеноста или негрижата на родителите!
Затоа најдобра заштита е времето кое ќе го посветите на вашите деца и секако лично да го разберете начинот на кој функционира интернетот. Без ваше познавање на овој свет можностите вашето дете да биде следна жртва се многу веројатни.
Секако тука се и низа на технолошки помагала во форма на софтвери и програми кои ке ви помогнат во секое време да ја следите активноста на вашето дете додека е наинтернет. Исто така постјат и алатки преку кои ке се ограничи или забрани пристапот кон одредени страни или содржини. Ова се таканаречени програми за родителска заштита и контрола. Сепак за да искористите било каква форма на заштита неопходна е ваша информатичка едукација и секако следење на трендовите кои ги следат и вашите деца.