Тестенини со спанаќ и пилешко

Тестенини со спанаќ и пилешко

Потребни состојки ( за двајца)

200 г тестенини
400 г спанаќ
2 пилешки копани
1чешне лук
маслиново масло
сол и зачини

 Подготовка

Најпрвин пилешкото месо се вари , се сецка на парченца и се пропржува на маслиново масло со лукчето и зачините се додека не зарумени.
Во меѓувреме обарете го спанаќот , претходно добро измиен и процедете го.  Сварете ги и тестенините.
Измешајте го пилешкото и спанаќот и со вака добиената смеса прелијте ги сварените и процедени тестенин.
Нарендајте пармезан по желба.