Тестенини во крем сос од тиква

Тестенини во крем сос од тиква

Потребни состојки:

  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 1 кромид, ситно сечкан
  • 2 чешни лук, мелени
  • 500 г тиква, излупена и исечкана на коцки со големина од околу 3цм
  • 50 – 100мл полномасно млеко
  • 2 лажици доматно пире
  • 2 лажици маскарпоне
  • 350 г кратки тестенини
  • 40 г рендан пармезан

Подготовка:

Загрејте го маслиновото масло на тивок оган, пропржете го кромидот и зачинете со прстофат сол. Додајте го лукот и пржете уште 1 минута. Во меѓувреме, сварете ја тиквата во солена вода. Блендирајте ја заедно со кромидот и лукот и сипете малку млеко. Внимавајте, можеби нема да ви биде потребно целото млеко, затоа што смесата треба да биде густва како намаз.

Смесата од блендерот сипете ја во длабока тефлонска тава, додајте маскарпоне, доматно пире и динстајте на тивок оган. Сварените макарони ставете ги во тавата со сосот, додајте пармезан и околу 50-100мл од водата во која се вареа макароните.

Зачинете по вкус и додајте пармезан озгора.