Од навечер потопете во вода пола шолја суво грозје, десетина исецкани суви смоквии исто толку суви кајсии. Наутро извадете ги од водата, ставете ги во блендер, додадете сок од исцеден портокал, мелен рогачпо желба и мелени овесни снегулки. Треба да добиете смеса од која ќе можете да формирате топчиња. Можете да ги јадете за појадок или вечера, и воедно ќе ви бидат верен “ сопатник” во одвикнувањето од пушење.