Трикови за камуфлирање на подочниците

Трикови за камуфлирање на подочниците

Кожата околу очите е тенка, деликатна и крајно чувствителна. Кога сте ненаспани, кога организмот е дехидриран, кога не се негувате доволно, подочниците инстантно потемнуваат, потекуваат, пресушуваат.

Без разлика со која промена се соочувате, во секој случај оставате впечаток дека сте уморни и сигурно тоа ви пречи. Но, со неколку мејкап техники ќе успеете да ги маскирате подочниците и да делувате свежо.

Имате темни кругови околу очите

Како да се негувате­? Сините, виолетови и црвени тонови што ги забележувате околу очи, особено наутро, се резултат на проширени крвни садови кои ѕиркаат од подочниците. Обидете се со крем што се базира на кофен, главен и одговорен за стеснување на крвните садови, за привремено да го решите проблемот со дисколорацијата.

Како да ги сокриете? Сѐ се сведува на тоа да ја коригирате бојата. Неутрализирајте ги сините или виолетови кругови со праска нијанса (за светол тен) или портокалова (за темен тен). Дозволете некоја минута за бојата да се прилагоди на кожата, а потоа нанесете од коректорот што вообичаено го користите.

Вашите подочници се кафени

Како да се негувате? Дали вашите подочници се многу повеќе кафени отколку сини или црвени? Најверојатно ваквата боја се должи на вишокот пигменти во кожата што е генетски поврзано и вообичаено за жените. Состојките како хидрохинон, којиќ киселина, соја или екстракт од сладок корен, можат да помогнат за да се контролира продукцијата на меланин и да се осветли регијата. Не заборавајте ја кремата со фактор пред излегување, бидејќи сончевите зраци се главни виновници за пигментацијата.

Како да ги сокриете? Неопходен ви високо покривен коректор, еден или два тона посветол од природниот тен, за успешно да ја камуфлирате пигментацијата околу очната регија. За да бидете прецизни, нанесувајте го коректорот со помош на влажно сунѓерче.

Се соочувате со подуеност

Како да се негувате? Ако имате подуени кесички 24/7, тогаш најверојатно станува збор за орбитални масни кесички под очите. Тие се генетски и за нив е неопходна дерматолошка помош. Но, ако отеченоста е својствена само за утринските часови, тогаш најверојатно имате проблем со задржување на водата. Крема за околу очи нанесувајте ја со масажа, со кружни и напред/назад движења, за да ја дренирате регијата.

Како да ги сокриете? Нанесете коректор, што е една или две нијанси посветол од останатата кожа, но само на кесичките. Користете четка за да бидете попрецизни.

Вашите подочници се прошарани со безброј фини линии

Како да се негувате? Навечер, нанесувајте креми со ретинол за да го поттикнете колагенот и да ги омекнете линиите со текот на времето. Наутро, преминете на формула богата со хијалуронска киселина – хидратант кој привлекува вода во кожата и ги пополнува фините линии, плус ја штити кожата од евентуално пресушување поттикнато од ретинолот.

Како да ги сокриете? Прескокнете ја камената пудра после коректор, бидејќи може да навлезе во линиите и дополнително да ги истакне. Ако коректорот го снема на средина на денот или едноставно се слизне под подочниците, искористете ја топлината на прстите и тапкајте го за да го вратите на место или едноставно користете коректор со долготрајна формула.

Вашите подочници се суви

Како да се негувате? Кожната бариера околу очите е супер тенка, што значи влагата може лесно да избега. Кремот за околу очи што се базира на керамиди, ќе ви помогне да ја изградите заштитната бариера, одржувајќи ја кожата хидратирана.

Како да се нашминкате? Кремастите коректор формули ќе ви обезбедат покривност без суви траги. Барајте коректор со исклучиво мека текстура и дополнително збогатена со anti-age состојки како витамин А, или витамин Е кои се борат со слободните радикали и ја одржуваат виталноста на регијата.