Потребни состојки:
1 авокадо
1 туна конзерва
2 супени лажици маслиново масло
2 супени лажици лимонов сок
3 млади кромитчиња
50 г сечкан магдонос
сол и црн пипер
Подготовка:
Пресечете го авокадото на половина, излупете го и исечкајте го на ситни коцки. Исцедете ја туната од маслото во кое стоеше и ставете ја во длабока чинија за салата. Додајте го авокадото и ситно сечканото младо кромитче. Озгора сипете маслиново масло, лимонов сок и зачинете со сол и црн пипер. Мешајте ја салатата со раце, за авокадото да омекне и да ги впие течностите. За побогат вкус можете да додадете варена пченка и маслинки.