“Овошје на боговите”, “пустински леб”се само дел од епитетите кои и се препишуваат на урмата. Во земјите од арапскиот свет се смета за најважна намирница во исхраната. Расте во пустинските оази во кои може да биде и единствена билка која може да му помогне на човекот да преживее.
Најздраво овошје!
Во здравствена и нутритивна смисла, урмите се сметаат за најздраво овошје на планетата. Лесно се сварливи и се одличен извор на влакна кои се важни за правилна работа на цревата. Претставуваат вистинска ризница на витамини па со право се наракуваат и природна мултивитаминска таблета наменета за возрасни и деца.
Природниот шеќер содржан во урмите во значителни количини претставува совршена алтернатива за обичниот шеќер. Претставуваат одлино средство за заситување и намалување на чуvството за глад.
Здравствените користи се многубројни. Анемија, холестерол, висок крвен притисок и други заболувања се наоѓаат на листата кај кои урмата како храна и лек дала инзвонредни резултати.
Одличен извор на железо
Лицата кои страдаат од анемија треба да сметаат на урмите заради инзвонредната содржина на железо. Покрај ова витаминот Ц исто така содржан во урмите ке помогнат во полесна ресорпција на железото.
“Витамини”за очи
Со оглед дека содржат лутеин и зеаксантин , урмите се нарекуваат витамини за очи. Овие две состојки се од особено значење за здравјето на очите и за зачувување на добриот вид.
Инстант решение против тврда столица
Богатството од влакна ја чини урмата идеална во справување со симптомите на тврда столица. Во сто грама урми се содржани во просек околу 5 до 8 грама растителни влакна.
За подобар ефект неколку урми навечер покиснете ги во чаша со вода. Во текот на ноќта урмите ке пуштат сок кој е одличен лаксатив. Овој сок конзумирајте го наутро на празен стомак.
Енергетски стимуланс и храна за мозокот
Доколку ви е неопходна инстант енергија тогаш едноставно изедете неколку урми. Со оглед дека се богати со прроден шеќер, урмите ќе ви ја вратат енергијата за миг. Дополнете го утринскиот шејк со неколку урми и обезбедете енергија за цел ден. Доколку пак во текот на денот се чувствувате уморно и поспано вашата ужна нека биде во форма на урми.
Покрај физичка енергија урмите се идеална храна и за мозокот. Па така особено се препорачуваат на лица кои се занимаваат со интелектуална работа и работа која бара посветеност и внимние.
Идеална за време на пости
Бидејки не содржи маснотии а е изразено слатка урмата е одличен избор за лица кои се на пост а се љубители на слатки десерти. Воедно хранливоста и енергетската вредност ке придонесат за ситос подлг временски период. Ова значи дека урмата може сосема успешно да се користи и во одредени диететски режими заради регулирање на телесната тежина.
Силно срце и низок крвен притисок
Лицата со срцева слабост би требало задолжително да ја внаеста оваа овошка во секојдневната исхрана. За подобар ефект од урмите подгответе напиток кој ке го пиете неколку пати во текот на денот. Десетина урми потопете во еда шоља вода. Оставете да одстојат цела ноќ. Наутро одстранете ги семките и избендирајте ги урмите заедно со водата.
Заради идеалниот баланс на натриум и калиум урмите имаат благотворно дејсво и се препорачуваат и кај лица со висок крвен притисок.