Потребни состојки:
1 главица кисела зелка или две помали
суво свинско месо (ребра, бут…)
2 главици кромид
3 чешниња лук
2 суви црвени пиперки (благи или лути, по желба)
10 цели зрна бибер
2-3 ливчиња лорбер
200 мл масло
Подготовка:
Зелката се сече на поголеми парчиња (коцки) и еден дел се реди во поголемо тенџере. Над слојот од зелка се реди сечканиот кромид, лукот, сувото месо, сувите пиперки, биберот во зрно и листовите од лорбер. Преку ова се реди остатокот од зелката, се посолува со црвен пипер и се прелива со маслото. На крај, се додава ладна вода до ниво на смесата. До зовривање се готви на појак оган, а потоа се остава да вари на тивок оган во вкупно време на готвење од 2 и пол часа. Готвењето може да биде и во рерна, во сад прекриен со фолија.
На истиот начин може да се подготви и посно вариво без месо.