Потребни состојки:
- 500 г јунешко месо
- 3 моркови
- 1 главица кромид
- ½ корен целер
- 1 пашканат
- 1 ловоров лист
- бибер, сол и зачин
Подготовка:
Месото се става во врела вода (задолжително). Дваесетина минути пред да биде сварено, се додаваат зеленчуците. Се процедува и се става на чинија (водата се зачувува за подготовка на прелив). Дополнително како гарнир може да се употребат барен карфиол, брокола, прокељ и сл.
Прелив со печурки:
- 200 г печурки (или по желба)
- 2 лажици брашно,
- масло,
- сол, бибер
- 2 лажици павлака
- малку лимонов сок
Шампињоните се сечат на ливчиња и се ставаат да се динстуваат, се додаваат брашното, течност (од истата во која е варено месото) и зачини. Се вари десетина минути и на крајот се додаваат павлаката и сокот од лимон.
Прелив со рен:
- 50 г путер или масло
- 2 лажици брашно
- ¼ литар течност (или по потреба за соодветна густина)
- 1 кисела павлака
- 2 лажици рендан рен (или од тегла)
- сок од лимон, сол, сечкан магдонос, бибер и зачин
Брашното малку се пропржува на путер/масло, се додава од течноста и се проврива. На крајот, се додаваат павлаката, сокот од лимон и зачините.
Овие преливи, покрај за вареното месо, соодветно може да се употребат и за печено месо.