Веге бургер

Веге бургер

Потребни состојки за веге бургер:

  • 150 г азуки грав (претходно потопен во вода минимум 5 часа)
  • 1 сечкан кромид

  • 6-7 листови зелена салата

  • 1 рендан мал морков

  • 2 кафени лажици семе од лен

  • 3 лажици вода

  • 2 лажици магдонос

  • Лебни трошки

  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • Хималајска сол

  • Црн пипер

  • Коријандер

  • Зачини по желба

Подготовка:

Во еден длабок сад ставете ги трите лажици вода и семките од лен и оставете ги да отстојат 5-10 минути. Гравот што стоеше во вода, ставете го да се вари околу 40 минути и во водата додадете лажичка сода бикарбона. Штом гравот е варен, исцедете го од вода и грубо миксирајте го. Додадете ги кромидот, морковот, магдоносот, зачините и на крај додадете ги ленот и претходно исечканата салата. Мешајте додека состојките да се соединат и истовремено ситнете ги со виљушката. Од смесата обликувајте плескавици, извалкајте ги во лебни трошки и пржете ги на кокосово масло по 2-3 минути од двете страни. На интегрално лепче за бургер ставете лист зелена салата, плескавицата, а озгора свеж зеленчук по избор и прелијте со сос од павлака и сенф.

За повеќе рецепти кликнете тука.