Вежби за долг живот

Вежби за долг живот
Петнаесет минутно умерено вежбање секој ден може да го продолжи животот за три години. За таа цел ви ги препорачуваме вежбите на д-р Тилден

Доколку наутро имате малку време, започнете го денот со лесни вежби кои ќе ви го разбудат целото тело, ќе ја забрзаат работата на срцето, а со тоа и крвотокот. Тренингот ќе ве загрее и ќе ве ослободи од стресот, а утринското раздвижување има позитивно влијание врз зглобовите и мускулите. Доволно е да изделите само 15 минути за да бидете поздрави, поотпорни, појаки и позадоволни, а стручњаците велат дека така ќе живеете и подолго.

  • Веднаш штом ќе се разбудите и додека сè уште лежите во кревет, започнете со истегнување на мускулите на нозете на следниов начин: Прво испружете ги прстите на нозете колку што можете, потоа згрчете ги кон петтата и во исто време стегнете ги сите мускули на ногата. Опуштете се потполно. Почекајте мускулите потполно да се отпуштат, па повторете ја вежбата пет пати.

 

  • По истегнувањето на нозете продолжете со истегнувањето на рацете. Раширете ги рацете најмногу што можете така што ќе ги затегнете мускулите до рамената. Соберете ги прстите и стиснете ја дланката, при што повторно ќе ги затегнете мускулите до рамената. Повторете ја вежбата пет пати.

 

  • Сè уште сте во кревет. Превиткајте ја перницата и ставете ја под грбот, така што ќе легнете врз неа. Потоа ставете ги прстите под главата, со што главата ќе ви биде потпрена на рацете. Вртете ја главата колку што можете надесно, налево, горе, долу и кружно.

 

  • Потоа поставете ја перницата под колковите и движете ги нозете како да возите велосипед. Исправете ги нозете и започнете да ги составувате и раздвојувате, поточно како ножици да поминуваат една преку друга. Легнати затегнете го стомакот така што мускулите ќе ги затегнете колку што можете и истовремено масирајте (како да месите) ги мускулите со двете раце. Оваа вежба е одлична против опстипација (запек), честа појава кај голем дел од луѓето. Воедно оваа вежба добро делува на воспален мочен меур и проширена простата.

 

  • Седнете на кревет и придвижете ја главата колку што можете надесно, па налево, потоа накривете ја главата така што увото да дојде во близина на едното, па другото рамо. Овие движења на главата и вратот се потребни за подобрување на циркулацијта во вратниот регион, каде што поминуваат многу крвни садови и нерви. Оваа вежба одлично влијае на сетилата (слух, мисир, вкус) и доколку нивната функција била оштетена, доаѓа до подобрување. Седнете на работ на креветот и движете го телото во лево колку што можете, па во десно колку што можете. Потоа движете се напред па назад. Со тоа се зајакнува ‘рбетниот столб и ги зајакнува нервите кои одат кон долните делови на телото.
За да го почувствувате бенефитот од овие вежби практикувајте ги два пати дневно, кога ќе се разбудите и пред легнување. Започнете ги вежбите веднаш и бидете упорни!