Вистински минути за нега

Вистински минути за нега

Секој производ за нега на кожа доаѓа со упатство за употреба, но по ново, секој производ ќе и го пружи максималниот ефект на кожата доколку го нанесете во време кога и е најпотребен. Избегнувајте да ја триете и тегнете кожата околу очите додека го миете или чистите лицето, бидејќи лесно може да предизвикате воспаление, пигментација и попуштање на деликатната кожа околу очи.

07:00 часот – Третирајте ги подочниците

Хоризонталната положба во текот на ноќта, наутро резултира со подуени ќесички под очите. Ако спиете на поткрената перница, ќе се разбудите со помали подочници, но тоа пак ќе ви создаде проблеми со вратот. Затоа, обидете се со блага масажа за да ја дренирате регијата и нанесете крем за околу очи за да ја освежите кожата.

07:15 часот – Заштитете ја кожата од загадување

Голема е веројатноста воздухот во вашата канцеларија да е позагаден од оној надвор, особено во овој период од годината. Климите и вентилаторите од компјутерите создаваат невидлив облак од честички од прав, влакненца од климите, спори од низа хемиски загадувачи кои ги емитува канцелариската опрема како фотокопирот. Ваквите штетни честички во воздухот го забрзуваат клеточното стареење и го оштетуваат колагенот. Затоа, не излегувајте од дома без 4 капки витамин Ц серум, само така ќе создадете силна натиоксидантска заштита од слободните радикали што ја напаѓаат кожата.

11:00 часот – Нанесете СПФ

Сончевите зраци се најсилмни помеѓу 11 и 15 часот. Дневен хидратантен крем со СПФ 15 или повисок е сосема доволен за да ве заштити на релација дома – автомобил – работа и да ве заштити од сончевите зраци кои продираат преку прозорецот. Штом дојде лето, не заборавајте дека секое сончево изложување, без оглед колку ќе трае, треба да е проследено со СПФ 30.

12:00 часот – Погрижете се за вишокот себум

Жлездите најмногу продуцираат себум напладне, во периодот помеѓу 12 и 14 часот. Постојат две причини за тоа: прво, масните жлезди се трудат да надоместат за сувоста продуцирајќи двојно повеќе себум; второ, оброкот базиран на јаглехидрати може да го покачи нивото на инсулин, а тоа да доведе до зголемена продукција на себум. Со помош на хартиено шамиче, тапкајте го лицето за да се впие вишокот себум, а по потреба, корегирајте го тенот со камена пудра.

13:00 часот – Заштитете ја кожата од екранот

Сината светлина што ја емитуваат екраните и паметните телефони се штетни за кожата, особено при предолго изложување. Не само што ја црпат водата од клетките, туку и го забрзуваат клеточното стареење. Затоа, добро е со себе да носите крем за корекција на брчки и фини линии или специјален серум за заштита од сина светлина.

14:00 часот – Освежете ја кожата

Телесната температура опаѓа навечер како резултат на циркадијалниот ритам кој не подготвува за спиење. До 16:00 часот, телесната температура е за степен повисока во однос на измерената температура во 04:00 наутро. Ако се вцрвувате лесно или работите на отворено, создајте навика да ја освежите кожата на лицето со мицеларна вода или спреј со минерали.

19:00 часот – Темелно исчистете ја кожата

Урбаната и динамична животна средина и шминката се главни затнувачи на порите, а затнатите пори водат до појава на митесери и акни. Затоа, длабинското чистење е чекор што не смеете да го прескокнете ако сакате сјајна и здрава кожа. Млеко, тоник, масло, мицеларна вода, сеедно каква формула за чистење користите, се додека сте сигурни дека нечистотијата е отстранета. Еднаш во неделата е добро да правите и пилинг.

22:00 часот – Поддржете ја природната регенерација

Помеѓу 23:00 часот и 04:00 часот наутро, кожата влегува во стадиум на заздравување. Искористете го тоа за да поттикнете клеточна регенерација (замена на оштетените клетки со нови) со помош на серум со ретинол, после кој ќе ја нападнете кожата со бран хидратација со крем што интензивно делува.

Погрешни минути за нега

Нанесување крем за околу очи пред спиење

Целта на кремот за околу очи е да направи да изгледате свежо, одморено и плус да го забави процесот на стареење во регијата што е прва на удар. Но, ако го нанесете пред спиење може да има спротивен ефект. Кремовите што тешко се апсорбираат лесно мигрираат внатре во окото, бидејќи сте во лежечка позиција. Резултатот утрото: потечени, крвави очи. Затоа, нанесете сосема мала количина (колку зрно грашок) крем за околу очи, така што ќе го тапкате со помош на средниот прст, наутро, преку ден или неколку часа пред спиење.

Нанесување ретинол преку ден

Ретинолотот е една од најмоќните состојки за корекција на фини линии, брчки, акни и за регенерација на клеточно ниво. затоа, ретинолот треба да се користи навечер, кога кожата е најрасположена за обнова. од друга страна, ретинолот во комбинација со сонце може буквално да ја изгори и оштети кожата.